Радио Милева
Во напад на љубомора

Папараците ја уловија Миљана Кулиќ пред болница – „задругарката“ дивеела и очајно барала помош (фото)

Папараците ја уловија Миљана Кулиќ пред болница – „задругарката“ дивеела и очајно барала помош (фото)

Контроверзната учесничка на „Задруга“, Миљана Кулиќ, синоќа го нападнала нејзиното поранешно момче Лазар Чолиќ Зола, а очигледно веднаш по инцидентот била извадена од реалното шоу.

Имено, Миљана ја фотографирале пред Ургентниот центар како плаче и бара помош.

Контроверата задругарка седела, пушела цигара и гласно викала: „Сакам да ме прегледате“. Цело време правела хаос пред болницата.

Да потсетиме, Миљана Кулиќ синоќа после забавата помина покрај Зола и Анита Станојловиќ кои седеа во дворот и во таа прилика се врати и се нафрли врз нив. Имено, таа го нападна Зола, а обезбедувањето влета и му ја одзеде Миљана, додека нејзината мајка Марија Кулиќ цело време само гледаше.

Синоќа за време на забавата се бакнувала со Билал Брајиловиќ и разменувала нежности, а кога ја видела Зола со Анита настанал хаос во напад на љубомора.

Меѓутоа, кога сите помислиле дека ситуацијата се смирила, Кулиќ втрчала во собата за изолација каде повторно го нападнала Зола удирајќи го со камен, а пред тоа со шише го изгребала по лицето.

Фото: Принтскрин/Папарацо лов

Останати вести од Радио Милева