Пејачката Бритни Спирс ја напуштила психијатриската болница во која била сместена.
Папараците успеале да ја фотографираат Бритни како заедно со нејзиното момче излегува од хотел на Беверли Хилс, а тој цело време ја штител од папараците и фановите.
Бритни во рака носела патики, телефон и торба, а носела краток фустан во комбинација со папучи.
„Одамна не изгледала вака лошо“ е еден од коментарите на социјалните мрежи.
Имено, според тврдењата на нејзиниот поранешен соработник, пејачката е хоспитализирана против своја воља во ментална болница каде и била укажана помош. По вестите за нејзниот татко, кој имаше операција и беше во болница 28 дена, Спирс одлучи да се посвети на семејството.
Меѓутоа, како што пренесуваат медиумите, Бритни во еден момент престанала да ја пие терапијата која и била припишана во 2007 година кога доживела нервен слом.