Радио Милева Со пријатели за Нова Година

Папараците го уловија Бред Пит разголен на Бахамите: Актерот и во шестата деценија е згоден и мускулест (фото)

Папараците го уловија Бред Пит разголен на Бахамите: Актерот и во шестата деценија е згоден и мускулест (фото)

Холивудскиот заводник Бред Пит (57) беше фотографиран на одмор на Бахамите со неговите пријатели, а по тој повод покажа бројни тетоважи на грбот, како и мускулесто тело.

Имено, Бред и неговиот пријател Фли (58), кој е гитарист во музичкиот бенд „Red Hot Chilli Peppers“, беа „фатени“ од папараците додека беа на одмор на островите Турк и Каикос, каде ја славеа Новата Година.

фото:профимедиа

Бред покажа мускулесто и затегнато тело и уште еднаш докажа зошто важи за еден од најзгодните и најпосакуваните актери.

фото:профимедиа

„Секој друг коментар е излишен“, „овој човек е неверојатен на 57 години“, се дел од коментарите на неговите обожаватели.

фото:профимедиа
To top