Мегафон

Панчо славеше роденден на концерт, а ДНК запеаја во чест на Влатко Илиевски (ВИДЕО)

Панчо славеше роденден на концерт, а ДНК запеаја во чест на Влатко Илиевски (ВИДЕО)

„Кога можат сите да прават трибјути на пејачи од странство, мора да можеме и ние, за наши колеги. Можеби не бевме најблиски другари, но се почитувавме. Влатко ќе живее и ќе биде пеен на секој наш настап. Се гледа дека публиката го сакала“-  ќе изјави  Панчо за Женски магазин, кој пред некој ден во Охрид заедно со фановите го прослави својот 38роденден на концертот на ДНК  во клубот „Кадмо“.

Заедно со колегата Андреј, бендот и придружните вокали, ДНК  ја отпеаја познатата песна на Влатче –  „Најбогат на свет“, со која  Илиевски настапи на Скопскиот фестивал во 2009 година и по која го наслови својот втор соло-албум.

„Зошто оваа песна? Зошто е една чудна сиболика ’најбогат на свет’. Материјалното е минливо, само љубовта нè исполнува. Парите ништо не значат, важно е семејството, пријателите, другарите. Без фановите, ние сме ништо. Нè прави среќни кога ги пеат нашите текстови и песни“, ќе појасни  Панчо.

Изведбата на оваа песна ар ен би двоецот  ја овековечи и со видео објавено на Фејсбук, каде што може да се види како цела публика пее со нив во еден глас… „Тој нè напушти, но вечно ќе живее преку неговите песни“, напишаа Панчо и Андреј.

Еве каква беше целата таа атмосфера.

To top