Владимир Блажев или попознат како Панчо Шорти/ДНК, отсекогаш бил на страната на реалната слика, без влакна на јазикот за теми за кoи многумина би останале летаргични да се изјаснат јавно. Овој пат, Панчо поттикнат од она што секојдневно му осамнува пред очи, а периодот се случува како многу честа пракса на Инстаграм, е верификација на профилите.
Моментот сам на себе да си дедеш на важност и да почувствуваш дека токму ти си таа „позната“ личност на чиј профил треба да стои она сино препознатливо симболче за верификација. Своето објаќање Панчо не случајно го почна со деминутив, токму за да акцентира на „големината“ на оние како што вели за 820 денари си направија марак и наполнија его.
-Луѓенца верифицирани, како се осеќате после инстаграм “крштевката” за 820 денари?
Дали ве побараа од влада да го решите спорот со Бугарија за влез во ЕУ, дали ве забележуваат повеќе на улица, попопуларни ли сте и побитни во општеството после добиениот беџ, ви ги слушаат ли повеќе песните, станавте ли побогати? Па ништо не се фалите мајку му стара стварно не е фер, се обрати Панчо.
Коментарот доби доста допаѓања од следбениците и пријателите на Фејсбук, но малкумина се осудија да остават свое видување за ова или пак им стана незгодно бидејќи се почувствуваа прозвани.
Веројатно оние технолошки супериорните многу добро знаат како стојат нештата со ваквите промени на социјалните мрежи, па оттука токму за познавачите, ваквот потег е смешен.
Инаку, периодов навистина се намножија доста верифицирани профили, па така оние „големите“ станаа важни на Инстаграм, а оние пак што навистина заслужуваат значка, а ги има доста, се уште останаа неверифицирани и тоа за така евтино.
фото:Инстаграм принтскрин