Македонската музичка сцена и тоа како има потреба од нов звук, од нешто модерно и светско. А, токму еден таков звук овојпат ни подарува младиот штипјанец Панче Касапски преку неговата песна со наслов „Наивно“.
Станува збор за асид-џез тема, односно комбинација од диско, фанк, џез и сол, нешто што навистина е реткост да се слушне на овие простори. За музиката и аранжманот се потпишува токму Панче, додека текстот е дело на Робин Зимбаков.
Песната е снимена во студиото на Роберт Билбилов.
Инаку Панче за новата песна сними и доста интересен видеоспот и тоа на неколку локации во Белград. Видеото е снимено од Дарко Митев во соработка со Сергеј Смилков.
Покрај Касапски, во спотот се појавува и еден од нашите најдобри модели со интернационална кариера, Вера Хаган.
Погледнете, пресчушајте и уживајте онака… „Наивно“: