Памела Андерсон (52) по петти пат стапна на лудиот камен, а претходната недела се омажи за режисерот Џон Питерс.
Секс бомбата пред неколку дена на социјалните мрежи се пофали дека станала госпоѓа Питерс, а на „Инстаграм“ ја објави првата фотографија со сопругот.
На фотографијата Памела насмеана позира до Џон.
Нивниот прв состанок се случил во 1980-тите години за на крајот да завршат заедно, а Памела го потврдила тоа на „Инстаграм“ едноставно пишувајќи „Среќен живот“.
За потсетување, Памела со Питерс се забавуваше пред 30 години, а својата емотивна врска ја обновија на крајот од декември претходната година.