Се’ попопуларниот трап изведувач кај младите Пајак, по дуетот со Таско во темата „Психо“ и во соработка со српскиот трап изведувач -“MIC-MC”- насловена како “Error”, деновиве ја промовираше на Јутјуб својата нова песна „Олуја“. Текстот и музиката се на самиот Христијан Настески – Пајак а аранжманот, миксот и мастерот се на Иван Јованов – Ивајо.
Песната е проследена и со видеозпис кој го израбориле: Режија- Били Д. и Горда Божиновски, видео – Solution+, камера – Били Д. и Никола Наумовски,продуцент – Гордан Божиновски, ДОП – Били Д, уредник – Никола Наумовски.
Во продолжение слушнете ја новата песна и погледнете го видеото во издание на Урбан рекордс за „Олуја“ на Пајак.