Радио Милева

Паднаа тешки навреди: Сестрите Кардашијан се скараа пред камери: „Ти лажна хуманитарко“

Паднаа тешки навреди: Сестрите Кардашијан се скараа пред камери: „Ти лажна хуманитарко“
фото: Принтскрин/јутуб

Ким и Кортни Кардашијан жестоко се скараа пред камерите во најновата емисија на реалното шоу „Во чекор со Кардашјанови“.

По повод планирањето на 40иот роденден на Кортни Кардашијан, сестрите се скараа за тоа која од нив се облачи подобро и што Кортни треба да носи по прославата.

„Типично е за Ким да навредува се што одлучив да облечам“ изјави Кортни и почнаа да се обвинуваат за меѓусебно копирање на стилот.

фото: Принтскрин/јутуб

Потоа Кортни изјави дека никогаш не сакала да излегда како Ким, па почнаа да се караат и навредуваат околу други работи.

Додека се возеа во автомобил, Кортни ги прочита пораките кои таа и Ким си ги праќале.

„Ти одиш во училиште, сакаш да бидеш адвокатка, мојот стил ти е проблем“ напишала Кортни на Ким, а таа и одговорила дека таа не ги разбира проблемите во свето

фото: Принтскрин/јутуб

т.

 

„Ти лажна хуманитарко, јас правам нешто да ја поправам ситуацијата во светот, а ти често измислуваш и ме напаѓаш да не размислувам за луѓето кои умираат. А ти што правиш? Замолчи“ одговори Ким на својата сестра.

На крајот Кардашијан се смирија. Исто така, Ким за да се извини на својата сестра Кортни и испратила оргинален фустан со потпис на Версаче.

Останати вести од Радио Милева