Аца Лукас во наредниот период ќе биде зафатен со судски постапки. Покрај судењето со РТС, Оливер Ковачевиќ и членовите на жирито на фестивалот „Песна за Евровизија“, го чека и судски спор со „Гранд продукција“.
Имено, пејачот против нив поднел тужба бидејќи, како што тврди, неовластено имале заработка од неговиот дует „Кидаш ме“ со Милица Павловиќ од 2018 година. Аца Лукас смета дека „Гранд“ немал право да ги присвојува парите од заработката од Јутјуб и другите стриминг платформи, а изведувачките права регистрирани во „Организацијата за колективно остварување на правата на изведувачите“ (ПИ) се и во спор“.
Врз основа на тоа, Лукас смета дека е оштетен за сума од 100.000 евра и толку бара од „Гранд“ во судската постапка.
View this post on Instagram
Според овие наводи сведок на предлог на Аца ќе биде Милица Павловиќ, а менаџерот на фолкерот ги потврди горенаведените тврдења.
Милица не одговори на прашањето зошто спотот за песната „Кидаш ме“ е отстранет од каналот „Гранд продукција“ на Јутјуб и дали причината е тоа што Лукас поднел тужба против нив.
Веќе извесно време кружи приказната дека „Гранд“ ја тужел Милица Павловиќ, наводно затоа што се пријавила како сопственичка на изведувачките права на дуото „Кидаш ме“, но од прес-службата на оваа издавачка куќа тоа го демантираат.
фото:инстаграм/аца лукас/милица павловиќ