Радио Милева за малку хаварија

„Пад на работното место“: Милена Антовска зрачи со самодоверба кога позира но, овој ден не и беше погоден (фото)

„Пад на работното место“: Милена Антовска зрачи со самодоверба кога позира но, овој ден не и беше погоден (фото)

ТВ водителката Милена Антовска- Стаковска на социјалните мрежи редовно споделува како позира пред да започне со работа или за време на паузите разубавувајќи им го денот на нејзините слебеници на социјалните мрежи.

Водителката во најдобро светло знае да ги покаже парчињата облека кои ги носи, а во тоа да ужива но и да ги инспирира и мотивира и другите од понежниот пол да изгледаат така, а мажите да уживаат во убавата глетка.

Па, откако направи селфи, реши да стане и да покаже како изгледа и овој пат.

Сето тоа го сподели на кратките приказни на Инстаграм, задоволно со насмевка на лицето откако застана испарвено и самоуверено пред камерата.

Но, додека Милена се вртеше со нејзиното здолниште, ненадејно со високите потпетици се занесе и за малку ќе и се случеше незгода.

– За малку ќе беше пад на работното место – напиша таа на видеото.

За среќа, Милена помина без последици, за влакно ја избегна незгодата и храбро застана на потпетиците за да продолжи со позирањето…

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милена Антовска

To top