Еден од учесниците на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“, Горан Филиќ – Гогац, кој има 53 години, ја раскажа својата животна приказна, која ги потресе сите во студиото.
Имено, тој имал тешка операција, кога во март минатата година му е извршена трансплантација на срце.
„Благодарение на семејството на момчето кое ми го подари своето срце, јас сум вечерва овде, со ново срце“ – рече тој. Водителот на ова натпреварување, Жика Јакшиќ, беше љубопитен, Гогац да му објасни како дошло до трансплантацијата.
„Момчето беше 15 години помладо од мене, и почина во Ургентниот центар, па неговите родители ми го донираа неговото срце. Не се знаеме, можеби преку оваа емисија ќе дознаат за мене и ќе ги сретнам и запознаам. Сакам да знаат дека срцето на нивниот син чука во мене и дека ова е наша заедничка борба, на нивниот син и на мене“ – рече натпреварувачот, а Жика Јакшиќ видно возбуден и понесен од емоциите не можеше да ги задржи солзите.
„Кога еден разумен гест може да спаси нечиј живот, тоа е голаема и прекрасна работа“ – рече Јакшиќ.
„Ти си доказ дека хуман гест направен од луѓе значи дека тоа е добро завршена работа. Вашата енергија е прекрасна. Денес ја слушаме песната на мојот омилен бенд ‘Генерација 5’ – ‘Доаѓам за 5 минути’ – рече Маре.
„Ти ја победи смртта, ти си победник во секоја смисла“ -додаде гостинката Тања Савиќ.
Погледнете како изгледаше овој емотивен момент во „Никогаш не е доцна“: