Популарната пејачка Милица Тодоровиќ неодамна го прослави својот 28 роденден, а од момчето доби вреден подарок.
Имено, Милош Пауновиќ на Милица и подарил прстен пренесува „Блиц“. Станува збор за накит кој бил изработен по негова желба.
„Оваа година, Милица од фановите доби многу подароци, цвеќе, гардероба и тоа подароци кои и ги пратија на домашна адреса. Роденденот го прослави со најблиските, кумовите Стеван Анѓелковиќ и сопругата, со сестрата и момчето Милош кој на полноќ ја изненади со роденденска торта“, вели извор близок на Милица.
Изворот вели дека Милица од момчето добила прстен за кој платил огромна сума на пари, а пејачката многу се израдувала на подарокот бидејќи сака таков накит.