Радио Милева
го освои жирито

Овој нејзин настап долго време ќе се памети: Mладата струмичанка повторно расутри во „Ѕвездите на Гранд“ – „Втората песна беше фантазија“

Овој нејзин настап долго време ќе се памети: Mладата струмичанка повторно расутри во „Ѕвездите на Гранд“ – „Втората песна беше фантазија“

Во саботното издание на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше шеснестгодишната струмичанка Драгана Костова.

Драгана пееше во дуел со Милица Мишиќ од Смедерево.

Македонската кандидатка се претстави со песните „Тајно моја“ и „Танго“ и освои вкупно шест гласа, па помина директно во следниот круг.

-Драгана, браво за втората песна, за првата може да дискутираме, но ти честитам за втората, еден ораториум кој растури, изјави Драган Стојковиќ Босанац.

Саша Поповиќ истакна дека Костова била феноменална, и дека нема што многу да се дискутира, па така акцент падна на нејзината противкандидатка Милица.

Менторката Марија Шерифовиќ беше задоволна од настапот на Костова.

-Вечерва беше одлична. Втората песна беше фантазија, истакна Шерифвиќ.

Инаку, и во претходните кругови Драгана ги освојуваше сите гласови од жирито и добиваше пофалби од жирито.

Како Македонката ќе се подготви за следниот круг на „Ѕвездите на Гранд“ останува да видиме.

За потсетување, Драгана учествуаше во „Неки нови клинци“ во втората сезона и го освоите второто место.

Настапот на струмичанката може да го погледнете во видеото подолу на 44:58.

фото: принтскрин/јутуб/зведе гранда/ Z. K. Munja / E. Srdić / L. Cvetković

Останати вести од Радио Милева