Една од најголемите југолсовенски ѕвезди во регионот Лепа Брена својата музичка кариера ја започнува уште во далечните 80те.
Брена заедно со бендот „Лира шоу“ или подоцна познат како „Слатки Грех“ ги освојува просторите на поранешна Југославија, а нивната прва песна е „Чачак“.
Брена станува популарна откако во емисијата на „Неделно попладне“, водителот Минимакс пушта видео од пејачката од настап со цел да се потсмејува.
Пејачката отогаш ја зголемува својата популарност, па ги снима и првите плочи кои рушат рекорди во тоа време.
За првите нејзини фотографии бил задолжен доктор – академик Александар Цветиновски од Скопје кој во тоа време бил врвен фотограф.
Тој и Брена се сретнале во неговото студито во главниот град во наслебата Аеродром, пренесува естрадниот магазин „Ексклузив“.
„Благодарение на нејзиниот менаџер со страшна визија, Рака Џокиќ кој во главата имаше невиден компјутер. Кога ги виде моите фотографии посакал да закаже средба и закажавме средба. Јас без никаков фотошоп го правев девојките прекрасни“ раскажува Александар за „Ексклузив“.
По договоор со менаџерот тој ја испратил Брена да дојде во Скопје.
„Кога ја пречекавме на аеродром беше нерасположена и лута. Ја прашав зошто е лута, а таа ми одговори: Кој си ти, при толку фотографи во Белград, јас да доаѓам кај тебе во Скопје.Каков си мачор“ се потсетува Александар на средбата со пејачката.
Меѓутоа, Александар не бил задоволен од првите фотографии од пејачката која истакнала дека само ќе се шминка и ќе прави фризура.
„Јас и кажав дека на ништо не личи на тие фотографии“ вели фотографот.
Тогаш Брена не се налутила и испаднала голем професионалец.
„Таа ме праша само дали може подобро, јас и реков дека може. И кажав дека ќе прави како што ќе кажам и таа ми одговори „океј“, објаснува фотографот.
Тие фотографии ја направија популарна пејачката, а истите биле објавени во речиси сите медиуми.