MILAN ILIĆ / RAS SRBIJA
Пејачката Наташа Беквалац пред точно една недела се породи во една приватна белградска клиника и на свет ја донесе својата втора ќерка Катја.
Вчера во фокусот на медиумите беше нејзиното излегување од болницата, каде излезе заедно со бебенцето во придружба на сопругот Лука.
Како што пишуваат српските медими, нејзиниот сопруг до раните утрински часови во својот стан во Белград го славел татковството во друштво на пријателите и сестрите на Ната.
Иако по породувањето не беше откриено, сега е познато дека Беквалац не се породила природно, туку со царски рез, па иако Лука сакаше да слават заедно, таа мораше да закрепнува и секако да ја пружа целата мајчинска нега на бебето.