Животот на многу естрадни sвезди, иако изгледа дека живеат без проблеми, не е баш бајка. Поради брзото темпо на живот, изложеноста во јавноста, тешката интеграција на семејството и работата, некои бараат помош од психотерапевти за да ги надминат проблемите и кризите што ги имаат што е можно полесно.
Милица Тодоровиќ
„Отидов и кај психолог и психијатар и мислам дека тоа е нешто што му треба на секој човек, бидејќи се среќаваме со разни проблеми што ги носи животот и честопати не можеме сами да ги решиме. Кај нас, луѓето имаат проблем да признаа, па се срамат да кажат дека биле на психолог или психијатар. Кога би сфатиле дека тоа е најдоброто нешто што можат да го направат за себе, дека одењето кај експерт е најдобрата потрошена сума, тогаш не би се срамеле“ – рече Милица и објаснува дека секогаш е подобро да се обратиме кај експерт.
Емина Јаховиќ
Емина Јаховиќ неодамна одлучи да започне психотерапија, а главна мотивација и беа синовите Јаман и Јавуз. Бидејќи вирусот е присутен насекаде, таа честопати има напади на паника, и се насобраа разни стравови што не може сама да ги надмине. Проблемот започна поради короната, а ја погодија и љубовните скандали, како и судењето со Мустафа!
„Короната влијаеше врз сите, финансиски, но мислам главно психички, само луѓето откако ќе ги почувствуваат вистинските последици, потоа психијатрите ќе имаат полни раце работа“ – рече Емина неодамна.
Славица Ќуктераш
„Научив дека најмногу се сакам себеси и своето здравје, дека прво се грижам за менталната хигиена, а дури потоа се’ друго и секако на крај: ‘баш ме боли уво за луѓето’. Тие ме прават многу вознемирена и негативна. Ослободете се од токсичните луѓе, играјте, пејте, забавувајте се, дружете се со луѓе кои ве прават среќни и ви создаваат насмевка на лицето. Бидете креативни, не грижете се што мислат другите за вас. Вие сте важни за себе и за вашата среќа“ – вели Славица и додава: >„Мислев дека нешто не е во ред со моето здравје, па отидов кај општ лекар, кардиолог, не знам каде се’ не отидов… За на крај сите да ми кажат дека сум апсолутно здрава, моето тело е младо, полна сум со сила, но знаев дека не сум добро и дека нешто не е во ред со мене. Ми требаа неколку месеци тортура додека не отидов на вистинското место – последното нешто што ми остана беше психијатар. Имав вознемиреност и напади на паника, што беше шок за мене. Ми рече дека тоа не е болест, дека е состојба и дека може да се лекува. Мојот третман траеше две години со терапија и разговори со психијатарот“ – рече таа во една прилика.
Гоца Тржан
Пејачката редовно оди на психијатар и призна дека терапијата е нејзиниот спас.
„Немам проблем да признаам дека одам на психијатар и тоа треба да го направи секој што има дилема. Експертите постојат за да нe запознаат со себе и да најдат решение. Без разлика дали имам деловен или љубовен проблем, сметам дека одењето на психијатар е добар чекор кон негово решавање. Мојата работа е таква што многу работи во мојот живот се подредени на тоа“ – вели Гоца.
Наташа Беквалац
Наташа Беквалац, која беше против посета на психотерапевти, излезе дека честопати барала нивна помош во последниве години. Во последниве месеци, таа одеше на сесии затоа што ги остава цигарите.
„Пречувствителна сум, затоа побарав помош од психотерапевт за да не бидам трајно емотивно оштетена. Со месеци спиев само два – три часа, се плашев да заспијам, бидејќи имав кошмари, се будев во пот, исплашена, исцрпена…“ – изјави во една прилика русокосата.
Психијатар, психолог или психотерапевт посетуваат и други познати и јавни лица од српската естрада и не само од неа, како ТВ водителката Сања Маринковиќ, но и оние од посилниот пол, меѓу кои пејачите Бане Мојиќевиќ и Слоба Радановиќ, на пример.
Фото: Инстаграм принтскрин