Сексуалната невиност се толкува во многу религии како основа на моралната чистота и се препорачува да се остане девица до бракот, а сексот како таков треба да се „консумира“ само од првата брачна ноќ. Во модерно време, тоа е сè поретка појава, а според истражувањата, помалку од седум проценти од луѓето ја практикуваат денес.
Кога станува збор за светот на славните, тоа е скоро ендемичен феномен бидејќи пороците, вклучително и хедонистичкото уживање во сексот, се потенцираат како една од најважните состојки во животот на славните.
Додека повеќето луѓе ќе тврдат дека чекањето со секс е апсурдно затоа што може да доведе до голем проблем – избор на животен партнер кој може да биде целосно сексуално некомпатибилен, според религиозните совети тоа е вистинскиот начин за вистинска врска со некого засновано врз карактерни црти, што мора да биде добра основа за брак, како и за добар секс подоцна.
Како и за сè друго во животот, не постои вистински рецепт, за што сведочи и фактот дека многу sвезди кои ја задржаа својата невиност на крајот се разведоа.
Меѓу ѕвездите кои ја чуваа невиноста до бракот беа: водителката Кети Ли Гифорд (67), која во 1992 година призна дека последната „холивудска девица“, потоа музичарот Кевин Џонас (32), пејачката Џесика Симпсон (40), манекенката Адријана Лима (39), која го шокираше светот признавајќи дека е девица до бракот. Покрај нив, тука беа и Лоло Џонс (37), пејачката Кери Андервуд (37), актерката Сара Дру (39), манекенката Кортни Стоден (26), бејзбол играчот Тим Тебоу (33).