На социјалните мрежи повторно се појави еден интересен предизвик кој во истиот момент стана хит, а многу од познатите личности насекаде низ светот не останаа имуни и веднаш се придружија.
Кај нас неодамна еден таков беше предизвикот со двојничките, па додека кружеше апликацијата, јавните личности неуморно ги бараа и веднаш ги споделуваа сличностите со која позната ѕвезда физички потсетуваат една на друга.
Новата година е на прагот, а новиот тренд на Инстаграм е како добредојден за игра и забава кај сите.
Па откако Тамара Тодевска прва откри сѐ што досега го знаеја само нејзините блиски, таа низ играта сподели и со јавноста нешто плус за неа што досега не сме го знаеле, како тоа од што се плаши, кое и е омилено јадење, пијалок и друго.
Но, сега своите приватни и интимни детали ги обелодени и познатата инфлуенсерка и водителка Миа Костова која даде одговори на прашањата кои ја предизвикаа:
– Има 39 години, висока е 168 цм, број на обувки 38, хороскопски знак Вага, едно дете, тетоважи 15 – 20, страв од риби, омилено јадење ракчиња, боја црна сива и кафена, омилен пијалок вино, омилени животни куче, љубовен статус среќна, музика smooth jazz.
Потоа се охрабри и новинарката Анастасија Деа Илиевска, па и таа ја откри нејзината лична карта која досега многумина не ја знаеле:
– Има 33 години, висока е 169 цм, број на обувки 40, хороскопски знак Бик, две деца , без тетоважи, страв од ништо , омилено јадење чоколадо, боја зелена, омилен пијалок вино, омилени животни за неа се сите, љубовен статус мажена, исполнета и среќна, музика може да слуша само еден изведувач/песна со денови.
Како и да е, нивните следбеници или се воодушевија или се изненадија откако ги дознаа овие одговори, сепак станаа и побогати со новите информации кои тие низ забава несебично им ги открија.
Фото: Принтскрин/Instagram. Miaadria/anastasiia_dea/Tamara.Todevska