Слободан Радановиќ, пејач и учесник во реалното шоу „Задруга“, остана без својот татко Душан точно на 31 декември , денот на новогодишната прослава.
Бидејќи Слободан имал веќе закажан настап за новогодишната ноќ во еденм белградски елитен хотел заедно со Светлана Цец Ражнатовиќ, пејачот решил да настапи и покрај големата загуба. Тој дошол на настапот облечен целиот во црно, во придружба на неговата девојка Јелена. Слоба настапот му го посветил на починатиот татко.
Но, не е само Слоба кој не откажа да настапува во новогодишната ноќ заради трагедијата што го погоди. Многу пејачи добиле тажни вести токму за време на настапите, но како вистински професионалци, не ги прекинале, туку продолжили и ги одработиле до крај своите настапи.
Така, покојниот крал на народната песна Шабан Шаулиќ не стигнал да пристигне на погребот на неговиот татко затоа што бил на турнеја во далечна Австралија.
„Пеев во Австралија и слушам во мојот ресторан дека татко ми починал. Марко Марковиќ, кој беше наш познат спортски коментатор беше со нас. Тој, всушност, прв ја дознал веста. Еден од организаторите дојде и му кажа. Ми пријде и ми рече: „Не се нервирај, не се возбудувај, животот продолжува.“ Го гледам, не разбирам што ми кажува, бидејќи пред тоа зборувавме за нешто друго. Тогаш ми соопшти каква е состојбата и дека татко ми веќе не е жив. Но, тогаш веќе беа закажани Сиднеј и Мелбурн. Луѓето вложиле многу пари. Овие беа двата најважни града кога станува збор за Австралија. Се сеќавам дека пееев и плачев. Се сеќавав на сè. Бев надвор од умот додека пеев и плачев… Си замислував што се случува таму без мене, без јас да го погребам татко ми. Јас дури не можев да помислам на тоа, а не да го доживеам, но ете…“ – своеврем,ено раскажал Шабан.
Пејачката Снежана Ѓуришиќ на концерт дознала дека нејзиниот сопруг Слободан починал. Сопругата последен пат го видела кога ја донесол на на концертот што го имала во Виена. Кога се вратил, на Слободан му се слошило и починал. Снежана ја добила оваа фатална вест за време на нејзиниот настап.
“Сурово е како сето тоа испадна. Тој ме донесе во салата каде што требаше да пеам, сè уште се сеќавам на него како ме гледаше. Како да знаеше што ќе се случи. Ми рече: Јави се… и никогаш повеќе не го видов. Да биде судбината уште посурова, нашите деца беа во тој момент на некоја свадба. Само вечерта, онака од чиста мира ми рече дека ако сè оди по ред, а би требало, како постар, тој треба да биде првиот што ќе го напушти овој свет, а јас да му ветам дека нема да престанам да пеам. Утревечер веќе го немаше.Сигурна сум дека тој имал претчувство што ќе се случи“ – низ солзи раскажувала Ѓуришиќ.