Радио Милева жешка дестинација

Додека Лила Филиповска за 8-ми Март уживаше на Бали, забележа дека нешто и фали: „Овде мора да сте многу внимателни зашто некој мајмун може да ве ограби!“ (ВИДЕО)

Додека Лила Филиповска за 8-ми Март уживаше на Бали, забележа дека нешто и фали: „Овде мора да сте многу внимателни зашто некој мајмун може да ве ограби!“ (ВИДЕО)

Лила Филиповска важи за една од најпознатите жени во Македонија, а за празникот  8-ми Март честитки прима само преку социјалните мрежи.

Имено, македонската ТВ водителката и инфлуенсерка денот на жената го резервира за Бали и тоа по втор пат и си направи голем мерак себеси.

Таа одмара и ужива на островот, па на следбениците им прати порака дека таму еднаш не е доволно.

Утринското кафе Лила го пиеше на 30 степени на егзотичната дестинација, а на кратките приказни го сподели и погледот од луксузниот  хотел каде што е сместена.

Покрај тоа што ужива, таа задолжително наоѓа време да ги сподели најубавите моменти и од овој одмор пред следбениците, со цел да ги инспирира и тие да го посетат преку агенцијата која таа ја одбра.

Лила објави серија фотографии на кои покажа колку добро изгледа откако позираше во кости за капење.

Покрај тоа таа ги предупреди обожавателите  на што да внимаваат кога ќе одат во Бали, бидејќи може да си останат без нивните омилени работи.

Овде мора да си многу внимателен затоа што мајмуните може да ви земат нешто, како наочариве на пример. Среќа ги остави  – им откри Лила една мала тајна на сите кои во блиска иднина ќе одат да ги истражат убавите места, кои Лила им ги покажа.

Фото: printskrin/instagram/lilafilipovska

To top