Малкумина знаат дека актерката Катарина Радивојевиќ има сестра Јасна, која никогаш не ја гледаме со неа на настани.
Познатата актерка Катарина Радивојевиќ со години е на јавната сцена, а на само 13 години дебитираше во серијата „Полицајац са петловог брда“.
Улогата во филмот „Зона Замфирова“ и донесе огромна популарност, додека познато е дека Катарина доста дозирано споделува детали од приватниот живот. Убавата актерка има сестра со која, судејќи по фотографиите, изгледа неверојатно слично, а Јасна живее со сопругот во Лос Анџелес, каде работи во еден ресторан.
View this post on Instagram
Да потсетиме дека Катарина неодамна се присети на нејзиното детство.
– Салаш е местото каде што пораснав меѓу Заечар и Неготин. Малку сум тажна поради тоа бидејќи веќе никој не е жив таму и никој не е таму. Салаш беше мало село, таму беше интересно бидејќи имавме кино и хотел. Таму ги гледав првите филмови – изјави Катарина Радивојевиќ.
Фото: Принтскрин/Иван Добричиќ