Радио Милева зачувај ја тајната, љубов моја...

Оваа песна крие голема трагедија: Редовно ја пеат, на неа плачат и кршат чаши дури и познатите фолк ѕвезди како Милица Тодоровиќ или Александра Пријовиќ (ФОТО+ВИДЕО)

Оваа песна крие голема трагедија: Редовно ја пеат, на неа плачат и кршат чаши дури и познатите фолк ѕвезди како Милица Тодоровиќ или Александра Пријовиќ (ФОТО+ВИДЕО)

Постои една песна која во себе крие голема трагедија. Неа редовно ја пеат, на неа плачат и кршат чаши дури и познатите фолк ѕвезди од српската и регионалната естрада.

Во последно време, Александра Пријовиќ се почесто ја изведува песната „Зачувај ја тајната, љубов моја“ во живо…

… Додека  Милица Тодоровиќ знае да заплаче или да скрши чаша на неа, како што тоа се случи на прославата на нејзиниот неодамнешен, 30-ти роденден.

Добро познатата песна, иако малку се знае за оној што оригинално ја изведуваше, особено кај помладите генерации. Велат дека песната била само предзнак, рано навестување за хоророт што ќе се случи години подоцна …

Оригинално ја изведе Душан Костиќ, кој изврши самоубиство на 13.05.1996 година. Трагедијата се случила на мостот во Панчево, од кој скокнал околу 18 часот и 50 минути, беше наведено во краткиот извештај на полицијата во тоа време. Исто така беше наведено дека Душан бил виден како прескокнува преку оградата на Панчевачкиот мост, меѓу столбовите 39 и 41, од каде тој повеќе  жив не се појавил“.


Телото на Душан никогаш не беше пронајдено, а на самото место на трагедијата била пронајдена само неговата чанта со лични документи. Неколку дена по самоубиството, на адресата на сопругата на Душан, Невенка, како и на неговите родители пристигнало кратко писмо:

„Многу ве сакам, простете ми“ – било напишано, а на пликот немало ниту потпис ниту печат, што значи дека бил лично доставен од некого и пуштен во поштенското сандаче, а не испратен преку пошта.

https://www.youtube.com/watch?v=FJKWcZM1R0E

To top