Радио Милева од здравство на естрада

Оваа некогашна медицинска сестра во болницата во Загреб, денес е популарна српска фолк ѕвезда (ФОТО)

Оваа некогашна медицинска сестра во болницата во Загреб, денес е популарна српска фолк ѕвезда (ФОТО)

„Најмногу заради мајка ми, која не сакаше да станам пејачка, се запишав на медицинско училиште. И далечината беше проблем за мене. Најблиското музичко училиште беше во Бања Лука, но тој град е оддалечен речиси шеесет километри од  родниот Драгаловац. Од друга страна, Добој, кој е скоро половина полизу, но  имаше само медицинско училиште. Одбрав да патувам секој ден, но да спијам дома“ –  ја започнува својата приказна Индира Радиќ, па се враќа назад во времето, кон својата прва работа во хрватската престолнина.

Имам убави спомени за работата во болницата во Загреб. Колегите многу ме сакаа заради мојата непосредност. Но, не ја занемарував и музиката, постојано им пеев и на пациентите и на колегите. Останав во контакт со некои од нив и до денес.

Сепак, најголема љубов на Индира била музиката, па решила да ја напушти медицината и да се посвети на нејзината најголема љубов.

„Добро го запознав Белград дури после долг престој во него. Денес, Белград и Србија се моја татковина. Бидејќи сум патник, уметник, секогаш чекам кога ќе слетам во моето пристаниште во Белград, каде ме чекаат моите најблиски. Тука сум најмирна. На почетокот беше многу тешко! Дојдов од мало место, зборував на дијалект, не знаев никого. Ми требаа цели три години да се навикнам и да започнам со музичка кариера“ – раскажа Индира за српски Курир.

To top