Радио Милева љуби е мајка...

Оваа малечко девојченце, денес позната ѕвезда, проба да биде вредна домаќинка: „Нашето сонце учи да готви“ (ВИДЕО)

Оваа малечко девојченце, денес позната ѕвезда, проба да биде вредна домаќинка: „Нашето сонце учи да готви“ (ВИДЕО)

Ова малечко девојченце од  насловната фотографија можеби веднаш нема да го препознаете. Особено ќе ве збуни и фотографијата до него, и можеби ќе помислите дека се работи за некоја позната македонска готвачака што секојдневно ја гледате на телевизија, а всушност не е воопшто така.

Во медиумите ја има се’ повеќе и се’ почесто, но не заради готвењето, туку заради пеењето.

Имено, младата македонска пејачка Мартија Станојковиќ реши овој пат микрофонот да го замени со тавата, па уште рано наутро, по пижами влета во кујната за да зготви нешто за појадок. За себе, ама и да ги изненади другите, поточно мама.

До душа, пејачката не е баш така вешта во кујната како на сцената, ама важна е желбата да се обиде да научи. А што прво, ако не пржени јајца за двајца и тоа на око.

Добро, овие не излегоа баш на око, повеќе се кајгана, ама на секој обид  не му се наоѓа маана, па затоа вредната домаќинка нема зошто да биде и „очајна“.

Впрочем, мама е тука да ја подучи како тоа се прави, кога јајце на око се пржи, дека мора жолчката да ти остане цела и не смее да ти се разлее. Ама добро… На Мартија можеби и е прв пат, а и на крај  јајцето што треба да е на око, и не изгледа така лошо.

До душа, кога младата кумановска се обидува да биде вредна домаќинка, препорачливо е сепак да сте на доволна дистанца од неа, што од можни опекотини ќе ве заштити и брани, зашто врелиот зејтин од тавчето прска на сите страни.

А мама штом се повлече на безбедно, за сите да видат колку е девојчето вредно, ја овековечи Мартија со домашно видео од кујната!

„Нашето сонце учи да готви“ – ја пофали вредната домаќинка нејзината мајка, едвај чекајќи да го изеде појадокот што и го зготви, „љуби е мајка“,  подмладокот!

Фото и видео:  Фејсбук принтскрин/stanojkovicsnezana

To top