Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ наскоро ќе станат родители, а често на социјалните мрежи ги покажуваат подароците за бебето кои ги добиле од фановите.
Меѓутоа, медиумите пишуваат дека наводно Марко и Луна отвориле сметка на која собрале 25 000 евра за своето бебе.
Како што се наведува, луѓето кои ги сакаат и подржуваат подготвуваат подароци за неродената ќерка Миа.
„Луна ја сакаме уште кога беше во „Задруга 1“. Со Марко ги гледаме како свои деца. Сакам да ги израдувам кога ќе добијат дете, па започнав акција за собирање на пари на фан страниците на Инстаграм. Живеам во Виена, па отворив сметка за да може луѓето да уплаќаат, а најмногу се јавуваат жените од дијаспора. Досега собравме 25 000 евра, но до породувањето ќе има уште повеќе“, вели една госпоѓа од Виена која сакала да остане анонимна.
Таа донирала 2 500 евра.
„Кој колку има. Некој 100, 500…ја донирав 2500 евра бидејќи сакав да и се заблагодарам што ми ја разубави претходната година со нејзиното учество во реалното шоу. Парите ќе добијат кога ќе се роди бебето и ќе може да му капат се’ што е потребно“, вели госпоѓата.
Луна и Марко не се огласија по повод овие пишувања.