Свеченото пуштање во употреба на автопатот Демир Капија – Смоквица беше збогатено со трубачи, а плех – музиката влезе и во еден од тунелите, па заедно со дел од присутните со чочек го сефтосаа, а имаше и лепење пари.
Ова „големо случување“ предизвика бура од коменатри, критики, но и шеги на социјалните мрежи, а инвентивноста и креативноста на некои од објавените илустрации и духовити мисли, мора да признаеме дека квалитетно не изнасмеа.
Во многуте такви идеи за смеење до солзи, креативните умови го поврзаа и Влатко Лозаноски, а има и зошто. Имено, на социјалните мрежи се појави коментар во кој се даде предлог за тоа со кои песни требаше да се отвори автопатот, па автентичноста дополнително да биде нагласена.
Идеална за таквата свечена пригода, велат дека ќе беше најновата „Километри“ на Лозано, а потоа и „Дирлада“, „Оди ѕвездо“, „По друм одам мајче“, „Ти си ми пријател“…
Имун на оваа духовите објава не остана ниту Влатко Лозаноски кој предлог „репертоарот“ го објави на Инстаграм и го дополни со симбол на кој „плаче од смеа“.