Актерката е родена во 1983 година во Германија, татко и е Турчин, а нејзината мајка Германка.
Актерката Мерјам Узерли сите ја сакаа додека ја играше главната улога во турската серија „Сулејман Величествениот“ каде ги освои срцата на публиката на нашите простори.
Имено, Мерјем сега на својот Фејсбук објави фотографија од раното детство на која се гледа дека не се променила многу.
На фотографијата од детството на актерката се гледа дека таа до ден денес ги задржала своите карактеристични црти на лицето, особено сините очи по кои Узерли отсекогаш била препознатлива.
Меѓутоа, она што тотално ја скрши по големата слава и популарност, е фактот што нејзиниот поранешен партнер, брокерот Кан Атеши, ја напуштил откако дознал дека е бремена. По ужасниот нервен слом, според пишувањата на медиумите, кревката душа на актерката не издржала и Мерјем Узерли се обидела да се самоубие, скокајќи од балконот, но за среќа поминала само со полесни повреди.
Набрзо била хоспитализирана во една клиника за психички и ментални болести во Германија.
Фото: Инстаграм принтскрин/Meryem Uzerli