Радио Милева
генетско наследство

Ова се родителите на Јелена Розга: Сега е јасно од кого пејачката ги наследила убавината и грациозноста (ФОТО)

Ова се родителите на Јелена Розга: Сега е јасно од кого пејачката ги наследила убавината и грациозноста (ФОТО)

Родителите на  пејачката Јелена Розга досега немавме прилика јавно да ги видиме, но тие направија преседан за еден убав повод.

Имено, хрватската поп ѕвезда го промовираше акустичниот албум „Минут срца мог“ каде како поддршка се појавија и нејзините најблиски. Мајката Марија и таткото Анте не ја криеја гордоста и среќата, дури дадоа и кратка изјава за медиумите.

„Јелена е одлична, згодна, убава, добра… Се гордееме со неа“ – изјави мајката на Јелена за хрватското издание на  „Стори“. Јелена покрај родителите ја поддржаа и долгогодишните колеги, композиторот и неговата сопруга-текстописец,  Тончи и Вјекослава Хуљиќ, но и бројни колеги и колешки од музичкиот свет. Убавата сплиќанка блесна во црн костум со светки составен од панталони и кусо палто, а долу носеше црни сандали.

 

Според прикажаното кога се нејзините родители во прашање, сега е појасно од кого Розга ги наследила убавината и грациозноста.

Фото: Инстаграм принтскрин/rozgajelenaofficial

Останати вести од Радио Милева