Пејачот Дарко Лазиќ и неговата свршеница Марина Гагиќ утринава станаа родители на синот Алексиј.
„Од три часот ноќеска бевме во болница, се породи природно, утринава во 7 часот“ изјави Дарко.
На прашањето дали го видел бебето, Лазиќ одговори:
„Леле, пресладок е. Се уште не се гледа на кого личи, само да е жив и здрав“ вели пејачот за курир.рс
„Породувањето добро помина, Марина е во апартманот“ вели пејачот и додава:
„Не можев многу да останам бидејќи во болница има некоја бактерија, не знам што се случува“ вели пејачот.
За потсетување, ова е второ дете на пејачот, а од првиот брак ја има ќерката со Ана Севиќ.