Радио Милева

Ова се последните зборови кои Шабан Шаулиќ ги упатил на сопругата ноќта пред сообраќајната несреќа

Ова се последните зборови кои Шабан Шаулиќ ги упатил на сопругата ноќта пред сообраќајната несреќа

Пејачот Шабан Шаулиќ во трагична несреќа во Германија го загуби својот живот.

Имено, пејачот заедно со својот кум и возач се упатил кон аеродром од каде имал лет за Белград кога 34 – годишен пијан Германец удрил во неговиот автомобил.

Ноќта пред сообраќајката се слушнал со својата сопругата Гоца.

фото: екслклузива.ба

 

„Ти доаѓам утре, те сакам, бакни ги децата“ биле последните зборови кои Шаулиќ ги упатил на сопругата.

Гоца го побарала во 7 часот, па во 8 и 9 ч, но пејачот бил недостапен. Почнало да ја фаќа паника и почнала да се јавува на сите кои биле со Шабан, но никој не одговарал.

Околу 10 часот го добила кумот кој и рекол: „Сега се разбудив во болница и не знам што се случи“.

Гоца ги побарала вработените и така дознала за несреќата и што се случило.

За потсетување, пред три дена Гоца беше во Рим со ќерките по повод нејзиниот роденден, а Шабан по тој повод на „Инстаграм“ напиша:

„Ја кревам чашата за убавите години кои се зад нас, и оние кои допрва доаѓаат. Среќен ти роденден, сакана моја Гордана“.

To top