Радио Милева тетрапак име...

Ова се ќерките на популарниот актер Бранко Ѓуриќ – Ѓуро: Едната го добила името по еден вид јогурт!? (ФОТО)

Ова се ќерките на популарниот актер Бранко Ѓуриќ – Ѓуро: Едната го добила името по еден вид јогурт!? (ФОТО)

Малкумина знаат дека актерот Бранко Ѓуриќ – Ѓуро има ќерка која тргна по неговите стапки. Неодамна наполни 24 години, а приказната за нејзиното име – Зала е посебна.
Покрај неа, Бранко Ѓуриќ со сопругата, словенечката актерка и пејачка Тања Рибич, има уште една ќерка Ела, која исто така е актерка и синот Филип.


„Кога двајцата се заљубивме не се осмеливме ни да сонуваме за заеднички живот, но сепак сонувавме дека ќе имаме едно дете, а тогаш на пазарот имаше јогурт наречен Зала и рековме дека нашата ќерка ќе ја крстиме така. Имавме капче скриено некаде во лифтот зад огледалото и секогаш гледавме таму и сонувавме дека еден ден ќе ја имаме Зала“ – открила мама Тања.

Интересите на младата Зала се поврзани со музиката и актерството, исто како и на нејзините родители. Сепак, она што ја издвојува од толпата наследници на познати личности е нејзиниот изглед.

Фотографиите кои таа ги прикачува на социјалните мрежи привлекуваат големо внимание бидејќи Зала има не само необично име, туку е и необична убавица, која по својот физички изглед потсетува на популарната светски позната актерка од мексиканско потекло, Селма Хајек.

Таа глумела во неколку филмови, а пред шест години ја објави песната „Шеле здај“ која ја компонираше нејзиниот татко.

Зала завршила  глума во Њујорк, а во исто време работела и како бебиситерка. Таа отсекогаш имала отворена врска со нејзиниот татко и голема поддршка кога е во прашање нејзината кариера.

Се’ уштене дознавме дали Зала некогаш го пробала јогуртот по кој го добила своето име?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zala Djuric (@zaladjuric)

Фото: Инстаграм принтскрин/branko_djuric_djuro/zaladjuric

To top