Радио Милева
25 години љубовна хармонија

Ова се деталите за соругот на Сузана Манчиќ: Угледен господин и успешен грчки бизнисмен кој е речиси четврт век со водителката

Ова се деталите за соругот на Сузана Манчиќ: Угледен господин и успешен грчки бизнисмен кој е речиси четврт век со водителката

Сузана Манчиќ и Симеон Оцомокос се заедно речиси 25 години.

Тие се венчаа во јули 2018 година во бајковито место во Грција, од каде што е и тој, а животот популарната водителка одлично го балансира меѓу Белград и Атина. Далечината, очигледно, никогаш не била проблем за нив.

Симеон се заљубил во Сузана неколку години по пропаѓањето на неговиот прв брак, од кој има две ќерки. Тој е почитуван бизнисмен и многу вешто одржува рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот сегмент од животот.

Студирал право и економија на Универзитетот во Атина. Неговата работна биографија е богата: Бил комерцијален експерт во Американската амбасада во Атина, извршен директор на Американско-грчката стопанска комора, како и генерален секретар на деловни совети меѓу Грција и неколку други земји. Во 1997 година, тој ја основа SGT, компанија за корпоративни комуникации, во Атина, а три години подоцна беше отворена филијала во Белград – Tsomokos Group International (TGI).
Како што пишува во портфолиото на групацијата, висококвалитетни комуникациски услуги се нудат на домашни и странски клиенти кои имаат намера да се натпреваруваат на регионалниот и меѓународниот пазар. Сопругот на Сузана Манчиќ е на чело на овој успешен тим, а како што можеме да видиме по речиси четврт век му цветаат рози и на љубовното поле кое го дели со Сузана.

Фото: Инстаграм принтскрин/suzanamancicofficial

Останати вести од Радио Милева