За повеќето познати личности во музичкиот свет, јавноста знае како изгледаат нивните деца, главно затоа што нивните славни родители јавно ги изложиле уште од мали, па сега тие, ниту виновни ниту должни, немаат можност да изберат живот во анонимност. Сепак, постојат оние деца на познатите од поранешна Југославија кои не сакаат таков живот. Одбраа да одат на училиште, да излезат, да поминат време со друштво, да патуваат, но сето тоа далеку од очите на јавноста. Ова се некои од нив.
Наследничките на Горан Бреговиќ живеат во Париз, каде славниот музичар се преселил пред три децении. Најстарата Ема има 24 години и е уметник. Дипломирала на реномираната академија за ликовни уметности во Нант. Интересно е што за другите две ќерки на Бреговиќ, Уна и Лула, не се знае речиси ништо, освен тоа што сите три се со различна вера, за што зборуваше и музичарот.
– Моите деца, кога беа мали, беа муслимани во времето на Бајрам, затоа што во тоа време примаа подароци, а на Божиќ и Велигден беа христијани, затоа што тогаш исто така добиваа подароци. Сега, едната е муслиманка, другата е будист, а третата православна“ – вели Бреговиќ.
Магдалена, Марија и Ива Пејовиќ се ќерки на Аце Пејовиќ, кои ги добил откако се ожени со сопругата Билјана. Сите три се воспитани и примерни деца. Најстарата Магдалена дипломира на Факултетот за организациски науки минатата година и своето образование го продолжила во Мадрид, додека средната Марија сè уште студира медицина. Најмладата Ива го посетува старото католичко училиште „Свети Едмундс“, на кое учат само девојчиња.
– За нив три, јас сум само тато што ги сака и кој ги вознемирува кога тоа оди против нивните желби или намери да остварат нешто што си го поставиле како задача или цел. И обично сум надгласан затоа што сум во малцинство (се смее). Моите ќерки се мојот најголем успех.
Дино Мерлин е горд татко на две деца. Со својата сопруга Амела, ги има ќерката Наида (33) и синот Хамза (27), на кого е исклучително горд. Наида ги завршила своите постдипломски студии на Оксфорд во Велика Британија и е магистер по информатички науки, додека Хамза во моментов продолжува на магистерски студии по менаџмент за музика на Универзитетот Вестминстер.
Во една прилика, Мерлин истакна дека неговата ќерка е скромна, додека не може да го каже истото за неговиот син, затоа што израснал во време кога Дино веќе имал вистинско богатство благодарејќи на неговите хитови.
Актерката Лидија Вукичевиќ од бракот со фудбалерот Митар Мркела ги има синовите Андрија (24) и Давид (21). Лидија ги чува наследниците од 2000 година, кога се разведе. Тие се и примерни и вредни момчиња. Андреј е фудбалер, додека Давид ќе биде пилот.
Ќерките на Здравко Чолиќ – Уна и Лара никогаш не биле јавно изложени од нивните родители. Неодамна, кога полнеше 18 години, нејзините фотографии осамнаа во јавноста и тогаш се дозна дека Уна посетувала приватно средно училиште, со годишна школарина од околу 50.000 евра. Помладата Лара има 13 години и оди во основно училиште. Интересно е што сопругата на Чола, Сандра, никогаш не се појавува со него во медиумите.
Фото: Дамир Дервишагиќ/ Драган Кадиќ/ приватна архива