Радио Милева на свадба кај внукот

Ова се братот и сестрата на Лепа Брена – тој е познат пејач, а таа живее во странство, се собраа за прекрасен повод (фото)

Ова се братот и сестрата на Лепа Брена – тој е познат пејач, а таа живее во странство, се собраа за прекрасен повод (фото)

Братот на Лепа Брена го ожени синот, а семејството Јахиќ по долго време се собра во Белград каде се забавуваа до раните утрински часови.

За добрата атмосфера на венчавката заслужна е пејачката, која направи „лом“ кога се фати за микрофонот и ги отпеа своите најголеми хитови, а покрај гостите во нејзиниот настап уживаа и членовите на нејзиното семејство.

За приватниот и семејниот живот на Лепа Брена се знае многу, особено кога станува збор за нејзиниот сопруг Боба и децата, а малкумина знаат дека често на телевизија го гледаме и самиот брат на пејачката, како и која е нејзината сестра.

Фарук Јахиќ е еден од учесниците на музичкиот натпревар „Никад није касно“ и со децении активно се занимава со музика. Тој свири хармоника, но за време на натпреварувањето во споменатата емисија ги докажа и своите вокални способности, а во една прилика на сцената излезе и Брена и пееше со него.

Брена еднаш проговори за своето воспитување и истакна дека пред неа во водите на музиката запловиле нејзиниот брат и сестра.

Талент за музика има и сестрата на Брена, Факета Јахиќ, но животот ја однесе во Канада, каде живее со семејството.

Факета живее во Канада со сопругот и децата, а сестрата на Брена добива бројни комплименти на секоја заедничка слика, а има и такви кои тврдат дека тие две многу личат.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/lepabrenaa

To top