Радио Милева пофални зборови

Ова ретко се случува: Јелена Карлеуша излезе на сцената и му пружи рака на овој македонски кандидат: „Александар, ти ќе бидеш голема ѕвезда“ (видео)

Ова ретко се случува: Јелена Карлеуша излезе на сцената и му пружи рака на овој македонски кандидат: „Александар, ти ќе бидеш голема ѕвезда“ (видео)

Александар Јосифовски од Охрид настапуваше во саботното издание на „Ѕвездите на Гранд“.

Александар беше во дуел со Анастасија Ичируп. Тој се претстави со песните „Пристао сам бичу све што хочеш“ и „Покрени се“.

Алекснадар доби вкупно пет гласови и помина во бараж.

фото: принтскрин/јутуб

„Јас се извинувам на Александар, но ништо не го разбрав, па затоа и не дадов глас. Не гласав поради начинот на интерпретација“, изјави Снежана Ѓуришиќ.

„Беше многу досадно. Никако да заврши. Не знам што се случи, дали тоа е некоја скриена камера? Те познавам како одличен кандидат, а ова е твое просочено појавување“, изјави Драган Стојковиќ Босанац.

Менторите Јелена Карлеуша и Ѓорѓе Давид без задоволни од своите кандидати,

Карлеуша е позната по тоа дека често знае да биде сурово искрена и да упатува тешки зборови на кандидатите, а овој пат направи нешто што ретко се прави.

Имено, кога излезе на сцената на честита на својот кандидат – Анастасија, Јелена пружи рака и му честиташе и на Александар.

фото: принтскрин/јутуб

„Вака се бори „Ѕвездата на Гранд“. Не можам да не бидам фер и да оваков настап да барам ситни грешки како некои“, изјави Јелена мислејќи на Мили кој имаше критики за двата кандидати.

фото: инстаграм/александар јосифовски

„Александар, ти ќе бидеш голема ѕвезда“, додаде Карлеуша.

Македонецот пееше во бараж и помина во следниот круг. Како ќе се подготви заедно со неговиот ментор – Ѓорѓе Давид останува да видиме.

To top