Актерот Марко Живиќ почина на 50 години откако претходно беше хоспитализиран бидејќи бил заразен со коронавирус.
Актерот во 2008 година беше опериран од рак на хранопроводот и желудникот, а во тој период најголема поддршка му беше и неговата тогашна сопруга, водителката на „Практична жена“, Наташа Павловиќ.
Наташа Павловиќ и Марко Живиќ беа во брак четири години, а по разводот останаа во добри односи.
Иако никогаш не изјавија зошто завршил нивниот заеднички живот, тие неколку пати истакнаа дека и по разводот останале големи пријатели.
Водителката била изненадена од веста дека починал српксиот актер.
„Марко, почина? Извинете во шок сум, не можам сега да зборувам“, изјавила Наташа за ало.рс и ја спуштила слушалката.
фото: инстаграм/наташа павловиќ/принтскрин/јутуб/марина лопачиќ