Радио Милева поласкан

„Ова ми фалеше цел живот“: Велешанецот Валентин со изведба на песна од Синатра го купи жирито во „Никогаш не е доцна“ уште на старт (видео)

„Ова ми фалеше цел живот“: Велешанецот Валентин со изведба на песна од Синатра го купи жирито во „Никогаш не е доцна“ уште на старт (видео)

Во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ сме виделе доста учесници од Македонија, па дури имаме и победници, а во новата и актуелна сезона Македонците повторно го импресионираат жирито и публиката.

По настаот на велешанецот Горан Мишев, сега на сцената се претстави уште еден негов сограѓанин, 53 годишниот Валентин Миланов.

Тој во своето претставување кажа дека сакал да направи нешто за себе или да ја спои коцката која му недостасувала во животот.

Валентин никогаш професионално не и дал шанса на музиката иако бил член на разни музички состави. Моментално работи на набавка, а исто така одгледува бадеми и прави сушени домати.

Сака различни музички жанрови, а во „Никогаш не е доцна“ се претстави со хитот од Френк Синатра „Њујорк, Њујорк“.

Негова поддршка до Жика Јакшиќ беа 16 годишениот син Ангел и близок пријател.

По насапот доби ласкави коментари од жирито кои му кажаа дека ги купил на прва со бојата на гласот и изборот на така тешка тема, а секако посакаа и да го слушнат следниот негов избор.

Претставувањето и настапот на Валентин Миланов можете да го погледнете од видеото на 51: 10.

фото:Јутјуб/Никогаш не е доцна/ принтскрин

To top