Таа е млада, талентирана, харизматична и со ѕвезда над себе која ја следи во патот кон успехот од нејзината музичка карира.
Од детски фестивалчиња, па се до избор на песна за Евровизија и хитови кои и станаа омилени на тинејџерската публика. Лара Иванова некогаш фан на своите идоли како Елена Ристска и Ламбе Алабакоски, а денес рамо до рамо на иста сцена со нив, само порасната тинејџерка која сигурно чекори по патот до успехот.
View this post on Instagram
Лара ги има сите асови во рака, а кога во игра ќе влезат уште неколу хитови, тогаш публиката се множи, а кога ќе се спомене Лара, веќе сите почнуваат да знаат за кого станува збор.
Како публиката, така и медиумите веќе будно ја следат Лара Иванова која уште од мали нозе ги покажувала своите музички афинитети. „Бела“ која ја отпеа со Пајак веќе ја знае речиси секој, а брои и милионски прегледи на Јутјуб.
View this post on Instagram
Оваа згодна и атрактивна талентирана убавица, пред своите следбеници покажа фотографии од многу малечка, па и такви каде е рамо до рамо со Елена Ристеска и Ламбе.
Токму пред неколку дена таа настапи на „Струмица опен“ каде пееше и нејзиниот поискусен колега, а некогашен идол Ламбе.
Моментот вредеше да се овековечи, а истиот осамна на социјалните мрежи.
Самата за себе вели дека нејзиното време допрва доаѓа, а и ние веруваме во истото.
фото: Инстаграм принтскрин/Лара Иванова