Со новата песна и видеото „Километри“, Влатко Лозаноски го најави своето трето студиско издание насловено едноставно „Десет“, по повод одбележувањето 10 години од почетокот на неговата кариера.
„Промоцијата на албумот ќе биде наскоро, а некаде после летото очекуваме да направиме и голем солистички концерт“, рече Лозаноски, кој првиот свој самостоен концерт го одржа во 2012 година на ракометното игралиште во Битола, град каде што го заврши своето средно музичко образование и каде што започна неговото музичко творештво.
За темата „Километри“ пак, откри дека подолго време сакал да направи песна поврзана со некој голем празник, а дополнително емотивна ја прави и темата за раселените Македонци и низ земјава и во странство, на кои родната грутка и семејството најмногу им недостасуваат особено во празничните денови. Повеќе детали околу промоцијата и славеничкиот концерт очекуваме наскоро.