Радио Милева кралска фора

Ова кралицата и го забрани на Кејт Мидлтон, а таа стого ги почитува сите ограничувања (фото)

Ова кралицата и го забрани на Кејт Мидлтон, а таа стого ги почитува сите ограничувања (фото)

Бројни извори потврдија дека Кејт Мидлтон нема никаков проблем да ги почитува сите ограничувања кои ги носи животот во британскиот двор.

На војвотката од Кембриџ воопшто не и пречи што не може да јаде одредена храна, а поранешниот дворски готвач Дарен Мекгрејди откри дека на Кејт Мидлтон и е забрането да јаде компири, ориз или тестенини за вечера.

Причината е што кралицата не сака јаглехидрати па не им ги сервира на другите членови на кралското семејство.

Исто така, им е забрането да јадат каква било ризична храна кога се во посета надвор од државата. Таквата храна вклучува, на пример, школки, кои лесно можат да предизвикаат труење.

Сепак, она што беше особено тешко за претходните снаи на британскиот двор беа долгите кралски вечери. Имено, наводно никој не смее да спие пред самата кралица Елизабета Втора, а Дијана, за разлика од Кејт, тешко го поднесувала тоа. Засега не се знае дека идната кралица Кејт некогаш се пожалила на тоа, пренесува Стори.хр

Списокот на забрани не завршува со вакви древни ограничувања, туку е дополнет во согласност со современиот начин на живот. На пример, членовите на семејството не смеат да позираат за селфи, бидејќи се верува дека тие треба да комуницираат со јавноста главно преку директен контакт, а не со „парадирање“ на социјалните мрежи.

Затоа нема да видите ниедно нивно селфи на официјалниот Инстаграм профил на војводата и војвотката од Кембриџ. Напротив, Кејт е одличен фотограф, па сите уживаат во нејзините извонредни портрети на деца – принцот Џорџ, принцот Шарлот и најмладиот Луис.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/kate_middleton_royal/Профимедиа

To top