Пејачите уживаат во дружењата со публиката, а секој настап, концерт или било какво појавување пред публиката се мотивација да бидат подобри и повторно да се вратат на истото место каде биле одлично пречекани.
Македонскиот пејач Влатко Лозановски каде и да се појави секогаш е добредојден, а публиката ги пее неговите песни од прв до последен стих.
Последната негова нова песна „Надеж“ веднаш ја освои публиката, а за кратко време достигна околу 410 000 прегледи на „Јутуб“ што е солидно за Македонија.
Во неговите песни многумина може да се пронајдат, да ги посветат, да се радуваат или тагуваат, но и да доживеат некој момент кој ќе го паметат долго време.
Викендов, Лозано имаше настап во една дискотека во Штип, а таа вечер ќе ја памети уште долго време.
Имено, тој беше сведок на запросување на неговиот концерт. На настапот момче ја побара својата девојка за сопруга, а Лозано ја отпеја песната „Жена како ти“:
Лозано на својот „Инстаграм“ го сподели овој момент кој може да го погледнете во видеото подолу.