Познатата фолкерка Александра Пријовиќ (27) не сака да се шминка кога не е во јавност.
Прија сега беше фатена без шминка на белградските улици, додека дење извршуваше обврски, а друштво и правеше синот Александар.
Таа го прошетала наследникот додека правеле се’ што планирала, а евидентно е дека пејачката и во природна варијанта изгледа одлично.
Тие двајца потоа се возеле низ српската престолнина со БМВ-то на Александра, што го снимиле камерите на „Папарацо лов“.
Александра, да се потсетиме, неодамна зборуваше за нејзиното пиење алкохол.
– Еднаш имав пијанство со екстремно гадење. Секој од нас го имал, јас еднаш! (смеа) Од пиво! Кога бев помлада тоа беше. Претходно зборував за тоа како пијам пиво, сега често ме прашуваат за тоа… Навистина не сум алкохоличар! (се смее) Само голтка, сакам пиво, ракија, вино, ми се допаѓа сè – истакна тогаш таа.
фото:Инстаграм принтскрин/Александра Пријовиќ/Папарацо Лов Јутјуб