Медиумите пишуваат дека Меган Маркл и принцот Хари не сакаат да живеат во Кенсингтонската палата каде што ќе бидат први соседи со Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
Како причина која се неведува е тоа што Меган и принцот Хари сакат да ги заштитат своите деца од јавноста, но и поради тоа што Кејт и Маркл не се во најдобри односи.
Војводата и војвотката од Сасекс моментално живеат во двособен стан кој се наоѓа на имотот на Кенсингтонската палата.
Иако се реновира дворецот за да парот добие повеќе место, британските медиуми се почесто пишуваат дека парот сака да го напушти имотот.
Меган и Хари треба да се преселат во „Апартман 1“ кој е дел од кралската палата, а за чие реновирање е вложено 1,6 милиони долари. Така ќе бидат први соседи на Кејт Мидлтон и Вилијам кои живеат во „Апартман 1А“.
Меѓутоа, наводно Маркл и Хари поради приновата која треба да пристигне следна пролет не сакаат да живеат во „Апартман 1“. Поточно, не сакаат да живеат со Кејт и Вилијам, а тоа предизвика гласини дека Мидлтон и Маркл не се во добри односи.