Неодамна во српските медиуми се појавија вести дека Лепа Брена ја продава својата луксузна вила на Бежаниска коса во која живее откако е во брак со Боба Живојиновиќ.
Пејачката во една прилика изјави дека ќе ја продаде вилата на купувач кој е подготвен да издвои 2 милиони евра. Меѓутоа, сега изгледа постојат други причини поради кои фолк пејачката одлучила да ја продаде куќата во која живее со години.
„Освен тоа што нејзините синови се самостојни и живеат со нив, Брена мисли дека е време за радикални промени. Навистина, Виктор кој е најмлад и понатаму живее со нив, но како планира свадба, па најверојатно и тој ќе се исели, па така да вилата на Бежанија ќе биде преголема за Брена и Боба. Меѓутоа, тоа не е вистинската причина поради која Брена и Боба сакат да ја продадат куќата“ вели извор за „Скандал“ и додава:
„Еве за што станува збор. Брена не чувствува позитивна енергија во вилата. Мисли дека сега е вистинско време да го промени животниот простор и тоа е вистинска причина поради која сака да ја продаде куќата и да купи нова, некоја помодерна, на Сенјак или Дедиње. Секако, дека во куќата Брена има многу спомени, но сега синовите пораснаа и секој си тргна по свој пат, а таа чувствува дека е време за промена која ќе и значи на неа и Боба. Освен убави спомени, тие имаат и лоши мигови во таа куќа.,, како кога има кризи во бизнисот, кога беше киднапиран Стефан…Тоа за нив е вистински кошмар, па ги разбирам што сакаат нов живот во нов крај. Свесна е дека треба да стави крај на една ера, а подготвена е за нови животни победи“ вели изворот и додава:
„Брена прво имаше на ум да купат стан во наслебата Белград на вода. Беше воодушевена кога виде како Вики се смести во стан од 100 квадрати. Меѓутоа, таа сака куќа во некој помирен стан, каде што ќе има повеќе приватност, а со неа се согласува и Боба“ заклучува изворот.
Лепа Брена не се огласи по повод овие пишувања.