Весна Милек, водителката на една словенска телевизија не крие дека била изненадена од искреноста на Северина Којиќ.
Во интервју за РТС СЛО, Северина откри непознати детали од својот живот како што се: кои работи сака да ги промени кај себе, за што најмногу се кае, но и за најголемите скандали – популарното видео од јахтата и старателстовото на синот Александар.
„Многу сум изненадена бидејќи јас и Северина не сме пријателки. Ја запознав пред неколку години преку нашиот заеднички пријател Томажа Пандура и тогаш правевме интервју за Дело. Тоа беше наш прв разговор. И тогаш Северина ми беше фасцинантна. Но, тогаш беше друга Северина, сега дојде до промени. Сега е позрела, има мир во себе и верувам дека ситуацијата со синот ќе се реши“ вели Весна Милек.
Како што вели интервјуто го договарале со години, а во моментот на снимање Северина немала никакви барања.
„Тешко ми е да зборувам за себе, тоа никогаш не го научив.Мислам дека е премногу да зборувам за мојот приватен живот. Затоа и мислам дека нема потреби и од интервјуа“ вели Северина, а потоа истакна дека можеби сега е време да си ја отвори душата.
На прашањето кој е најголемиот страв во животот, Северина едвај успеала да ги задржи солзите.
„Најголем страв ми е да ме остават, од напуштање, и мислам дека секогаш се трудев, да ги задржам луѓето“ призна хрватската пејачка.
На прашањето дали таа го објавила експлицитното видео од јахтата, Севе одговорила на интересен начин.
„Ако планирав да го објавам, барем ќе се нашминкав“ изјави Северина.
Новинарката тврди дека била изненадена од искреноста на Северина.
„Бев изненадена кога ја гледав емисијата. Воопшто немав немара да разговарам за таа страна од шриватниот живот. Северина и јас разговаравме како две жени, а мене ми остави впечаток на зрела жена која е свесна за своите грешки“ изјави новинарката.
За потсетување, овие во медиумите се пишува дека наводно Северина и нејзиниот сопруг Игор оставиле чуден пред домот на нејзиниот поранешен сопруг.