Радио Милева забранета љубов

Ова е сопругата на Дино Мерлин која малкумина ја знаат: „Би дал се’ на светот да можев таа ноќ да кажам… да, ти донесов 100 марки!“

Ова е сопругата на Дино Мерлин која малкумина ја знаат: „Би дал се’ на светот да можев таа ноќ да кажам… да, ти донесов 100 марки!“

Дино Мерлин е секако една од најголемите регионални музички ѕвезди, која само на  малкумина им дозволил да ѕирнат во неговата приватност. Тој ретко ја покажува својата сопруга Амела во јавноста, со која има две деца, но откако се дозна, нивната љубовна приказна шокираше многумина.

Родителите на Амела биле против љубовта на нивната ќерка со Дино, бидејќи тој бил многу сиромашно момче, а таа студирала архитектура и имала „од пиле млеко“.

„Се боревме, се криевме, но никој не можеше да не раздели. После пет години тајно се венчавме. Тоа беше романтична венчавка, иако буквално ја киднапирав сопругата. Со нас беа само мојот кум и сестрата на Амела, која беше во улога на кума. Говорот на матичарот беше предолг за мене, јас постојано гледав кон вратата некој случајно да не наиде и да ни ја расипе среќата“.

Тој вели дека никогаш нема да го заборави моментот кога се вратил дома со празни раце и гладен по неговата прва турнеја низ Југославија. Mојата сопруга стоеше пред вратата и ме пречека со бебето в раце. Наида можеби имала половина година, а неговата сопруга Амела штотуку завршувала  студии по архитектура и била без работа. Таа ме праша тивко: „Дали ни донесе нешто? Немам млеко“. Немав ниту еден динар. Ништо не донесов, бидејќи ништо не заработив. Имаше големи трошоци. Денес би дал се’ на светот да можев таа вечер одговорам: „Да, донесов 100 марки“.

Фото: Фајсбук и Јутјуб принтскрин

To top