Радио Милева горко се покајала

Ова е синот на Ана Бекута: Го оставила во дом, а околината ја осудила (Фото)

Ова е синот на Ана Бекута: Го оставила во дом, а околината ја осудила (Фото)

Пејачката Ана Бекута мајчинството го запознала на 17 години кога го добила синот Игор. А кога се породила ја чекал тежок период.

Со оглед на тоа дека многу малада, донела одлука да го остави детето во дом за напуштени деца, но и затоа што живеела во вонбрачна заедница.

Покрај тоа што се соочила со одлуката за домот, околината ја осуди, а родителите беа на столбот на срамот, бидејќи селото ги озборуваше. Тоа особено ја повреди Ана, сметајќи дека тоа не го заслужиле, а во неколку наврати за тоа искуство зборуваше и во медиумите.

-По страшните внатрешни скршеници, Игор го сместивме во дом. Едно големо парче од моето срце тогаш беше откорнато и таа рана никогаш нема да зарасне. Ме сметаа за будала затоа што не го убив „тоа“ на време. Или да се сокриев и оставев во некоја далечена болница. Секој викенд патував да го гушнам Игор, кој ми се насмевнуваше во кревет, непогрешливо препознавајќи ме.

– До секоја наредна сабота ме одржуваше во живот неговиот прашкаст мирис во ноздрите и отпечатокот на неговите минијатурни усни на мојот врат. Агонијата траеше неколку месеци, а потоа гласот на срцето и умот ја врати птицата во своето гнездо – рекла своевремено Ана.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/anabekuta1

To top