Животот на познатите, особено личностите од естрадата отсекогаш бил во фокусот на вниманието на јавноста. Познатата естрадна фолк двојка, пејачката Зуица Лазова и пејачот Наум Петрески, по многуте животни и брачни премрежја што своевремено ги имаа, како плод на нивната љубов ги добија ќерката Македонка и синот Стефан.
Македонка очигледно ги наследила гените од родителите и е студент на Факултетот за музичка уметност, каде студира соло пеење, додека Стефан е уште во основно училиште.
Во една прилика, Зуица откри дека и нивниот син Стефан тргнал по нивните стапки и дека веќе свири на гитара, но дека уште ниту таа ниту Наум не знаат дали ќе ја избере музиката како идна професија или таа ќе остане само негово хобии можност за дополнителна заработка.
Познатата брачна фолк двојка со семејството присуствуваше на неодамна одржаната јубилејната 25-та „Златна Бубамара на популарноста“, каде Наум ја доби наградата за „Трајни вредности“, а Зуица и јавно му ја честиташе посакувајќи му уште вакви признанија.
Од фотографиите убаво се гледа дека Стефан повеќе не е мало детенце, туку пораснал во вистинско момче кое се’ повеќе наликува на својот татко наум. Дури и фризурата му е слична на онаа која во последно време ја носи фолк пејачот.
Дали го наследил и гласот, слухот и талентот за музика на родителите, останува допрва да видиме.
Инаку, ова е втор брак на Наум Петрески, кој од првиот ја има ќерката Анастасија која исто така со текот на годините стана позната фолк пејачка, но и се омажи.
Таа се реализираше и како мајка во 2019 година и со својот сопруг Владимир ја имаат ќеркичката Андреа која сега наполни три години.
Во меѓувреме Анастасија гордо го покажа и трудничкиот стомак, наговестувајќуи дека и по втор пат ќе стане мајка, а Наум Петрески одново дедо, како што се шушка, овој пат на внук!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Zuica Lazova/Naum Petreski/anastasija.petreska