Црвена ѕвезда минатата ноќ влезе во Лигата на шампионите, а еден од хероите на вечерта секако беше, Милан Борјан.
<Благодарение на него, натпреварот и играта на црвена Ѕвезда едноставно беше нереална.
– Ова беше мечот на мојата кариера. Отидовме во Лигата на шампионите, а тие во Лигата на Европа – вели Борјан за “Блиц Спорт”.
И кога се споменува Милан, многумина ќе се сетат на неговата сопруга Снежана Филиповиќ, која е неговата Талија.
Атрактивна русокоса Снежана Филиповиќ Борјан, поранешен маркетинг директор на ФК “Партизан”, одлучи да ја напушти својата кариера откако се венча со српскиот голман. Тие се сретнале на неверојатен начин – додека тој бранелза “Раднички” од Ниш, таа му испратила по грешка на Инстаграм наместо текстуална порака, нејзина фотографија.
По некое време тие ќе се заљубат еден во друг. Кога Милан морал да се пресели во Бугарија, тие продолжиле да ја одржуваат врската на далечина.
Само една година подоцна, ќе ја крунисаат со брак, а во 2016 година по што ќе го добијат синот Филип.
Потоа, Снежана ќе донесе конечна одлука да се посвети на своето семејство.
– Свесно ја напуштив позицијата маркетинг директор на „Партизан“ во Хумска и не се каам бидејќи семејството е над се’ – ќе изјави атрактивната русокоса.
Фото: А. Димитријевиќ и Инстаграм скриншот